Заинтесираноста кон веб-дизајнот и отворените можности кои го нуди интернетот започнаа во 2008/09 година. Се до денешен ден, се занимаваме со креирање на различни типови на веб страни, дизајнирање на флаери и останати типови на графички дизајн, менаџирање и оддржување на социјалните мрежи како и помош околу промоција преку можностите на дигиталниот маркетинг.

 


 

Во текот на овие 10 години искуство, имам креирано повеќе од 50 веб страни и дизајнирано голем број на

промотивни материјали. 


 

Во моментов, сум одговорен или дел од менаџерскиот тим на повеќе од 15 фејсбук фан страни од различен тип, со домашна и странска публика.


Маркетинг кампањите секогаш представувале предизвик а со тоа и огромна одговорност за постигнатите резултати. Сум бил ангажиран за различни маркетинг промоции, но најмногу за интернет продажба. Дигиталниот маркетинг го владеам на едно солидно ниво бидејќи и самиот јас, го користам за лична промоција.

 


 

Како најголемо искуство представува фактот што сум дел од главниот менаџерски тим на медицинската интернет заедница “Meddy Bear”  со повеќе од 4,000,000 (милиони) следбеници на социјалната мрежа Фејсбук. Оваа бројка е поттик за сериозна ангажираност и секојдневно следење на заинтесираноста на нашите фанови.

 

Одтука, следеше позив од Израелскиот медицински сервис “Medex” за креирање на информативни и промотивни текстови, промотивни материјали и е-маил маркетинг кампања.